Поетска вечер под мотото „Стихот споен со изворот“
Концептуално споено поетско дружење, во организација на тимот на наставници вклучени во проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“ кој веќе трета учебна година се спроведува во училиштето и наставниците по странски јазици, француски, англиски и руски јазик. Настанот беше покриен со музичка позадина на солистот на гитара на ученикот Давид Тодоров.
Незаборавна вечер исполнета со многу милозвучни стихови посветени на жената, како мајка и сила на животот воопшто.
Интерпретацијата на стиховите беше простор за сите избрани ученици, од своите наставници ментори, преку нив да ја искажат својата чувствителност и емотивност. Имаше простор за учениците и наставниците, за „големите“ и „малите“, имаше простор за избрани стихови од светското творештво, за стихови интерптретирани од создателите со оргиналост за паметење.
Сите учесници и слушатели покажаа љубов и восприемчивост, за што посебно им благодариме.
Нашата сограѓанка Дарја Арестова - писател, ни престави дел од своето прекрасно творештво, доживеавме вистински краткотраен перформанс на руски јазик.
Слушнавме како звучат стиховите кога битието при интерптретација, влегува во резонанса со емоцијата на стихот искажан на Француски, Англиски, Руски, Босански и Македонски јазик.
На вечерта беа присутни 57 ученици и наставници. Присутни беа учениците од следните паралелки: 1-5, 1-8, 2-5, 2-7, 2-8, 4-3, 4-5, 4-7.
Групата на наставници кои беа вклучени во организација на вечерта беа: психолог Соња Пашоска, Снежана Софијанова, Анета Г. Наковска, Мариче Стојанова, Никола Димовски, Верица Анѓушева Ѓоргова, Христина Гемишова, Јордан Палашев и Гоце Алексоски.
Групата на наставници кои беа гости на вечерта: Силвана Николовска, Магдалена Иванова, Даниел Здравевски и Марина Костадинова Филипова.