РАСТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТА ЗА ПРИЕМЕН ДЕН

РАСТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТА ЗА ПРИЕМЕН ДЕН

Продолжи праксата за прием на граѓани кој ја започна градоначалникот.
Секој четврток на овие средби граѓаните во лична комуникација со градоначалникот го запознаваат со проблемите со кои се соочуваат со цел за понатамошно интервенирање.

Најчестите проблеми на овие средби се однесуваат на инфраструктурни и комунални проблеми како и социјалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Воведената пракса се покажа успешна и ефикасна. Позитвната реакција од страна на градоначалникот и залагања за решавање на проблемите го зголемува интересот кај граѓаните.

Овие средби се од големо значање како за граѓаните така и за Локалната Самоуправа.
На овој начин се одржува постојана комуникација со цел за подобро и ефикасно функционирање на Локалната Самоуправа.