Нов проект за реновирање на ССОУ „Коле Неделковски“
Градоначалникот Славчо Чадиев во рамки на своите активности денес заедно со директорот Боро Ристовски го промовираа новиот проект за реконструкција на ССОУ „Коле Неделковски“.
Со овој проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, компонента 4- обезбедување на стимул за училиштата и локалната заедница ќе се реконструира училиштето со буџет од 1.200.000 денари. Во соработка со Општина Велес, односно со учество од минимум 15% од вкупната вредност на реновирањето, која ќе биде придонес на општината во реализирањето на активностите за меѓуетничка интеграција во образованието и во процесот на реновирање со што самото училиште веќе по неколку децении добива нов современ лик.
Воедно градоначалникот направи и увид во текот на работата на реконструкцијата на фасадaта во ССОУ “Коле Неделковски” - Велес” што е финансиски поддржано од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој.
Потенцирајќи ги придобивките од реализирањето на овие проекти во областа на енергетската ефикасност, преку имплементацијата на овие проекти, односно рекунструкцијата на средното стручно училиште „Коле Неделковски” ќе се добие енергетски ефикасен објект, каде со користење на природните ресурси се заштитува и животната средини. Бенифит од ова ќе имаат и сите ученици кои ќе имаат директна корист од спроведувањето на оваа топлотна изолација и реконструкција со новиот проект.