Свечена заклетва во велешката касарна
Денес во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман" се одржа свеченост по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок.
Притоа, заклетвата ја дадоа 73 војници од дваесет и осмата генерација на доброволно служење на воениот рок. Со нив Центарот за индивидуална обука во рамки на Командата за обука и доктрини ќе реализира обука во траење од три месеци.
На свеченоста присуствуваа Државниот Секретар во Министерот за Одбрана Елизабета Чуповска Ристова, градоначалникот Славчо Чадиев, претставници од МО и ГШ на АРМ, роднините на војниците и други гости.