Презентиран урбанистички план за с. Оризари
Градоначалникот Славчо Чадиев, вчеравечер заедно со стручните служби од Општина Велес ја посети МЗ „Оризари“. На оваа средба се разговараше за текот на реализирање на проектите во оваа Месна заедница и беше презентиран урбанистичкиот план со коj с.Оризари после донесувањето на општиот акт е првото село во општината за коe ќе биде донесен урбанистички план со површина од 13 хектари земја што ке овозможи изградба на 100 семејни куќи.
Парцелите ќе се отуѓуваат на јавна лицитација по цена од 1 евро за метар квадратен и ќе може да се искористат поволностите од мерката на Владата на Република Македонија ,,Купи куќа за млади’’ до 35 години.
Проектот од страна на локалното население беше позитивно прифатен бидејќи овој проект значи развој и проширување на село Оризари.