Увид во градежните работи на Езеро Младост

Увид на градежни работи на Езеро Младост

Денес, градоначалникот Славчо Чадиев заедно со пратеникот во Собранието на Република Македонија, Илија Димовски направи увид на градежните работи на брегот на Езерото Младост.

Како што изјави г-дин Илија Димовски, проектот за уредување на бреговите на Езеро Младост е финансиран од Владата на Република Македонија и Управата за рурален развој. Проектот е во вредност од 5.800.000 денари.

Паралелно се оддржа и средба со претставници на спортските риболовни друштва „Кркушка“, „Бабуна“ и „Металург“ каде е во тек изградбата на патеката за натпревари во спортски риболов. Овој проект е наменет за натпревари во крапски риболов е прв во Република Македонија уреден според европски и светски стандарди. Проектот се реализира во партнерство со Риболовна федерација на Македонија, велешките риболовни друштва и Општина Велес, а првиот натпревар ќе се одржи во мај оваа година.

Овие два проекта се дел од низата активности што Општина Велес ги презема за подигнување на атрактивноста на Езерото Младост и создавањето услови за тоа да прерасне во вистински туристичко-рекреативен центар. Во прилог на ова е и изградбата на мото-крос патеката за што веќе е утврдена локацијата и е изработен проектот.

Увид на градежни работи на Езеро Младост

Увид на градежни работи на Езеро Младост