Честитка на Градоначалникот по повод Велики поклади - Прочка
Ваше Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. Агатангел,
Дозволете ми од мое лично име и од име на Советот на Општина Велес, Вам, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници од нашиот град, да Ви го честитам големиот христијански празник Велики поклади-Прочка.
Проштевањето е духовен процес што од човекот бара лично преиспитување, покајување, за потоа да следува вистинско проштевање. Прочка е симбол на искрена и пожртвувана љубов кон ближните и ден за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Овој голем ден е ден на помирување на небото со земјата и ден кога сите ние духовно се причестуваме. Прочка не треба да биде само еднаш годишно, туку наша секојдневна определба.
Простете за се што во сме погрешиле, ние само чесно и упорно се бориме за подобар Велес!
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес