Отворен ден на ЕУ во Велес
Амбасадорот на Европската унија во Република Македонија Аиво Орав, Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија Вилем Ваутер Пломп како и заменик- народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа денес ја посетија Општина Велес.
Во рамки на посетата беше остварена средба со градоначалникот Славчо Чадиев, а притоа беше организиран и Отворен ден со граѓаните на Велес.
На средбата покрај темите за реализација на заеднички проекти со ЕУ стана збор и за претстојните парламентарни избори и потребата од нивно одржување во фер и демократска атмосфера, како впрочем што беше случај и во сите досегашни изборни циклуси на територијата на Општина Велес.
Инаку, за Велес како Локална самоуправа која што динамично се развива од голема важност е примената на позитивните искуства кои што се имплементираат во Европската унија.