ТРИБИНИ – „Социјалните медиуми и нивните ефекти врз младината“

Во согласност со програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита за 2016 година, Општина Велес во соработка со Центарот за јавно здравје одпочна да го реализира проектот насловен „Социјалните медиуми и нивните ефекти врз младината“. Приоритетот на темата е утврден од Советот за јавно здравје на Општина Велес. Целна група претставуваат учениците од деветто одделение во основните училишта како и учениците од средните училишта во Општина Велес.

Целта на проектот е преку трибини и презентација да се запознаат најмладите за влијанието на социјалните медиуми на развојот на личноста со пропратните позитивни и негативни ефекти. Предавачи на трибините се д-р Снежана Петрова и д-р Ефтим Димитриев.