ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА „ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“
Општина Велес во соработка со Клубот на млади при Општинската организација на Црвениот крст Велес, се вклучи во Глобалната кампања на акцијата „Час на планетата земја“. Организатор на акцијата во Република Македонија беше Earth Hour Macedonia како дел од мрежата на WWF – World Wide Fund for Nature.
Акцијата се одржа вчеравечер, во периодот од 21:00 до 21:30 часот. Во овој период, на симболичен начин – со гасење на светлата на мостот „Гемиџии“ и „Мало мовче“, беше упатена пораката до велешката јавност за подигнување на еколошката свест кај населението и за зачувување на планетата земја.