Заврши бетонирањето на улиците во с.Иванковци
Денес, градоначалникот Славчо Чадиев заедно со пратеникот во Собранието на Република Македонија, Илија Димовски направи увид на завршените бетонирани улици во с.Иванковци.
Со проектот „Изградба на улици во село Иванковци“ се уреди центарот на селото, се овозможи поврзување на централната со попречните селски улици и се реши проблемот со прифаќањето и одведување на атмосферските води.
Финансирањето на проектот e обезбедено од средства преку Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2015 година, мерка 3.2.2. “Обнова и развој на селата“ – подмерка 322.2 “Инвестиции за изградба и/или реконструкција на селски улици (вклучително и атмосверска канализација и пешачки елементи) во должина до 1км“. Проектот е во висина од 5.5 милиони денари.