Учениците од ООУ,,Ј.Х.К-Џинот во посета на локалната самоуправа
Денес ученици од IV одделение од ООУ,,Ј.Х.К-Џинот имаа работна прошетка низ општинската зграда што е и дел од нивната годишна програма. Учениците имаа можност да ja видат прес-салата и електронската сала и одблизу да се информираат за работата на општинската администрација, Советот на Општина Велес и функцијата Градоначалник.
Најголем предизвик за учениците на оваа работна обиколка беше влезот во работниот кабинет на првиот човек на градот и средбата со него. Ваквите посети ќе им овозможат на најмладите граѓани на општината подобро да го разберат општинскиот систем како и придобивките од неговото успшено функционирање.