Градежни активности на улица „Наце Димов” во нас. Керамидна

Слика 1

Градоначалникот Славчо Чадиев заедно со директорот на ЈКП „Дервен“ Фиданчо Цековски денес извршија увид во работата на започнатата реконструкција на канализационата и водоводната линија на улица „Наце Димов“ во населбата Керамидна. Должината на оваа канализационата линија која се реконструира изнесува околу 150 метри, а на водоводната 30-тина метри.

Реализацијата на овој проект се очекува да заврши во текот на следниот месец со што целосно ќе се реши проблемот со веќе дотраените цевки, а улицата во должина од 250 метри повторно ќе биде уредена и обновена.

По завршувањето со работа на улицата „Наце Димов", градежните активности ќе продолжат на улицата „Павел Шатев".

Слика 2

Слика 3