ЕХО Фестивал на планински филм
На 5ти април (вторник), со почеток во 18 часот, Планинскиот Филмски Фестивал „Ехо“ ќе проектира дел од својата програма во Народниот Театар ЈХК Џинот.
Со селекција од својата програма, покрај Велес, Планинскиот Филмски Фестивал „Ехо“ ќе се дружи со вљубениците во планините и планинските спортови во неколку градови во Македонија.
Ги покануваме сите љубители на планината, алпинизмот, планинарството и на велосипедизмот.
ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН
ПРОГРАМА НА ЕХО Фестивал на планински филм
18:00 ПРВА МАКЕДОНСКА ТРАНСВЕРЗАЛА – Македонија, Горан Вучиќ/Кирил Шентевски, 38’
18:38 СЛОБОДА НА 2 ТРКАЛА – Македонија, Игор Д. Јовановски, 18’
18:56 ДИВА ВОДА – САД, Ансон Фогел, 30’
19:26 ПАУЗА
19:45 ПРЕЗЕНТАЦИЈА на Алпинисти од Велес / Промоција на Велосипедска култура преку вело-тури на локални ентузијасти
20:15 МЕТАНОЈА – САД, 2014, Џим Ајкман ,80