Одбележан Светскиот ден на аутизмот
Денес по деветти пат се одбележува Светскиот ден на аутизмот. Датумот 2 април е избран во 2007 година од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации, со цел да се сврти светското внимание кон аутизмот како растечки глобален здравствен проблем, да се подобри квалитетот на животот на лицата со аутизам, да се згрижат тие лица, да им се даде рана дијагностика, ран третман, право на едукација и здравствена заштита.
По тој повод во Младинскиот парк се реализираше културно-уметнички настан на кој учествуваа ученици од ПОУ „Маца Овчарова“, ученици од основните општински училишта, родители, деца со аутизам.
Во рамкиите на денешните настани вечерва новиот објект на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот” и фонтаната во Младински парк се осветлени во сина боја-бојата на аутизмот со цел да се подигне свеста на јавноста за аутизмот и да се даде подршка на лицата со аутизам.