ЗАПОЧНА ПОПЛОЧУВАЊЕТО НА ТРОТОАРОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ
Изминативе денови започнаа интензивни градежни активности за реконструкција на тротоарот во централното градско подрачје. На ова место најпрвин се отстрануваат старите и дотраени плочки, а во текот на наредните денови ќе започне поставувањето на нови бехатонски плочки.
Градежните работи денес одблизу ги следеше и градоначалникот Славчо Чадиев. Инаку, должината на тротоарот кој ќе се реконструира изнесува 350 метри. Истиот се протега од плоштадот С’рмаале до спојот на улиците „8-ми Септември” и „Коле Неделковски”. Дел од патеката специјално ќе биде обезбеден за лица со оштетен вид.