ВО ТЕК Е АКЦИЈАТА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД
Веќе трета година по ред во Општина Велес се спроведува Пролетната акција за собирање на габаритен отпад. Како и секоја година и оваа се организира пред верскиот празник Велигден со што на граѓаните им се овозможува бесплатно да го отстранат габаритниот отпад од своите домови.
Акцијата започна на 10-ти април и ќе трае до 30-ти април 2016 година и истата е планирана активност во Програмата за управување со отпад на територијата на Општина Велес за 2016 година.
За успешна реализација на акцијата и соодветно информирање на граѓаните, Општина Велес испечати информативен леток кој заедно со сметките за комунални услуги беше дистрибуиран до секое домаќинство и правен субјект.
Сите граѓани кои ќе пријават до ЈКП „Дервен“ потреба од собирање на габаритен отпад, јавното претпријатие ќе изврши превземање на отпадот, транспорт до депонијата и негово соодветно постапување.
Почитувани граѓани, до крајот на месецот имате можност да се вклучите во акцијата. Општина Велес останува отворена за сите Ваши сугестии и прашања.