Отворен Центарот за едукација, рехабилитација и советување „ИСКРА

Слика 1

Денес во рамки на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ официјално започна да функционира Ценатрот за едукација, рехабилитација и советување “ИСКРА“. Велешката градинка е единствената предучилишна установа во Република Македонија која од денес има соба за сензорна интеграција во која ќе се работи со неколку категории деца, се со цел да се влијае на подобрувањето на нивниот раст и развој уште во најраните детски денови.

Со децата ќе работи стручен тим од двајца дефектолози кои веќе се сертифицирани да работат сензорна интеграција полсе поминатата обука, а ним од неодамна им се придружи и волонтер од Мировниот корпус која по вокација е специјален едукатор и значително ќе допринесе за успешната работа во центарот.

Во работата рамки на проектот покрај дефектолозите ќе бидат вклучени и педагози и психолози но и дополнителен персонал кој ќе помогне во остварувањето на позитивните резултати.

Стручните служби потврдуваат дека предучилишниот период е исклучително важен за правилниот раст и развој на децата, па одтука и стимулирањето на сензорната интеграција кај нив со цел подобро извршување на секојдневните активности, рано детектирање и надминување на евентуалните проблеми.

Во овој објект е сместено и советувалиштето наменето не само за децата туку и за родителите и вработени, со единствена цел, секој евентуален проблем кој персоналот и родителот ќе го забележи кај детето да се надмине со помош и поддршка на стручниот кадар на градинката.

Центарот за едукација, рехабилитација и советување „ИСКРА"е проект на ОЈУДГ,,Димче Мирчев,, НВО 46664 и Лајонс Клуб Велес, со финансиска поддршка од Мировен Корпус Македонија, Швајцарска Амбасада во Р.Македонија, Димекс ДООЕЛ-Велес, Лајонс Клуб Велес и Александар Димов.

Слика 2 
Слика 3