Порибување на Езерото „Младост” со 350 килограми крап
Езерото „Младост" е порибено со крап. Денеска во водите беа пуштени 350 килограми. Рибата е донација од страна на Македонската риболовна федерација.
Порибувањето е по повод е претстојниот крапски куп кој треба да се одржи на 6, 7 и 8 – ми мај. На настанот присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев, кој изрази задоволство од реализацијата на оваа акција. Со цел зачувување на рибниот фонд во езерото, од СРД „Бабуна” упатија апел да се почитува риболовниот кодекс.