60 НОВИ ДУШЕЦИ ВО ВЕЛЕШКИОТ ИНТЕРНАТ „ЛАЗАР ЛАЗАРЕВСКИ”

Душеци во велешкиот интернат „Лазар Лазаревски“ - Слика 1

Средношколскиот ученичкиот дом „Лазар Лазаревски” набави 60 нови душеци.

Истите беа доставени од страна на фирмата која што беше избрана како најповолен понудувач на постапка спроведена од ученичкиот дом. Според директорката Василка Ѓурчиновски ова ќе значи подобрување на условите за престој на учениците, а целосната замена ќе се спроведе во неколку фази. Минатата година дрвените врати и прозорци се заменија со нови пвц. Во посета на велешкиот интернат денес беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој се запозна со тековните активности на институцијата.

Душеци во велешкиот интернат „Лазар Лазаревски“ - Слика 2