113 години од акциите на Гемиџиите

Општина Велес достојно, онака како што им прилега на најголемите македонски синови, ја обележа 113 годишнината од Солунските атентати, обмислени и извршени од Гемиџиите во периодот од 28 - 30 април 1903-тата во Солун.
12-мината млади револуционери водени со идејата дека индивидуалните акции ќе вродат со плод во намерата да се допре до свеста на Европа. Чинот на Гемиџиите наиде на силен оддек во европската и светската јавност. Гемиџиите го положија својот живот за татковината и го отворија македонското прашање на страниците на европската историја.

Во нивна чест делегации на Општина Велес, Општинската организација на сојузот на борците, здруженија на граѓани, политички партии и поединци се поклонија пред делото на Јордан Поп Јорданов - Орцето, Димитар Мечев, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Костадин Кирков, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, Павел Шатев Марко Бошнаков, Цветко Трајков .... храбрите момчиња од Велес, Ресен, Охрид и Кратово кои му кажаа на светот дека постои земја што се вика Македонија и народ македонски.
Спомениците во Велес и Скопје и гробот на најмладиот Гемиџија Милан Арсов во с. Ораовец денес беа посетени од нивните следбеници и чувари на историската вистина за Македонија.