Подготовка за асфалтирање на улицата „Тодор Христов – Офицерчето”

Во текот на денешниот ден се изведуваат градежни активности за подготовка на теренот за асфалтирање на улицата „Тодор Христов – Офицерчето”, која се наоѓа во близина на централната детска градинка. Станува збор за сообраќајница која е многу важна за градот и која беше во лоша состојба.

Паралелно почнаа подготвителни активности за уредување и на споредната улица на оваа локација. Исто така во тек е и подготовката за асфалтирање на улицата „Тодор Јанев“, кај новоизградениот кружен тек.