Експресниот пат Велес-Кадрифаково готов до септември

Финишира изградбата на експресниот пат Велес-Кадрифаково. Патот во должина од 26 километри комплетно ке биде завршен до септември. Ова го најави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, при денешниот увид во изградба на овој патен правец кој е од огромно значење за сите граѓани.

Вкупната инвестиција за изградбата на експресниот пат е 14,6 милиони евра. Патот се градеше во три фази од кои двете се комплетно завршени.