Осветување на храмот „Свети Козма и Дамјан“
Во Велес денес беше осветено новото духовно светилиште за сите православни христијани, храмот „Св. Козма и Дамјан“, кој се наоѓа во кругот на Општата болница.Чинот на осветување на болничкиот новоизграден храм го изврши, митрополитот Повардарски г. Агатангел, а потоа заедно со свештеници на епархијата ја отслужи и првата литургија во оваа црква.
На осветувањето присуствуваше градоначалникот Славчо Чадиев, пратениците во македонското собрание и останати функционери од централната и локалната власт.Болничкиот храм „Свети Козма и Дамјан“ е едена од значајните цркви за Велешани. Камен темелникот на оваа црква беше поставен на 23-ти октомври 2011 година. Од денес велешани и другите граѓани од околните градови кои секојдневно доаѓаат во велешката болница ќе го имаат овој велелепен храм за молитва и духовно воздигнување.
Нека е за многу години!