„Стоп на рамнодушноста – да ја поттикнеме хуманоста“.
Денес во Општина Велес се оддржа првата работилница под наслов „Стоп на рамнодушноста – да ја поттикнеме хуманоста“, што ја реализира Црвениот крст на Р. Македонија со поддршка на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Целна група беа вработените од локалната администрација, подрачните единици на министерствата и училиштата, установите и локалните медиуми.