Асфалтирана е улицата „Тодор Христов – Офицерчето”
Во текот на денешниот ден се изведoa градежни активности за асфалтирање на улицата „Тодор Христов – Офицерчето”, која се наоѓа во близина на централната детска градинка. Станува збор за сообраќајница која е многу важна за градот и која беше во лоша состојба. Реконструкцијата на на улицата е предвидена во Програмата за уредување на градежно земјиште, во висина од 1.200.000 денари.