Посета на збратимениот град Бига, Република Турција
На официјална покана од Општина Бига, Р. Турција, градоначалникот м-р Славчо Чадиев, со преставници на Советот на Општина Велес, Бесим Ахмедов и Митаат Маслак и делегација од Општина Велес беа на посета во збратимената Општина Бига, Р. Турција.
Целта на посетата беше продлабочување на соработката меѓу двете општини, размена на искуства и одржување на средби со бизнис секторот на кои им беа презентирани можностите за инвестирање во Општина Велес.
На Меѓународниот културен фестивал кои се одржа по втор пат во Општина Бига беше претставена и нашата култура и традиција преку ора, песни и носија на профисионален начин од страна на КУД „Коле Неделковски“.
При оваа посета официјално беше пуштен во употреба и првиот Културен Центар во Општина Бига, „Културен Центар - АТАТУРК“ која е идеа произлезена по посетата на градоначалникот на Општина Бига-Исмаил Ишик со неговата делегација на Општина Велес и Народниот Театарот „ЈХК Џинот“.