53-ти Рацинови средби. Велес се поклони пред великанот
Вечерва во Велес започна одбележувањето на годинешните Рацинови средби кои се 53-ри по ред од нивното создавање. Културната манифестација претходно отворија младите ликовни уметници од Гимназијата „Кочо Рацин”, тие на „Ѕидот за Рацин“ под Градскиот саат во Велес го промовираа муралот „Ленка и тутуноберачите“. Во текот на денот следеа и останатите културни настани како изложбата „Грнчарски средби – Велес 2016”, засадувањето млади дрвца во „Рациновата шума“ кај скалилата кои водат кон Спомен костурницата од НОВ, процесијата „1000 свеќи за Рацин“ и традиционалното положување цвеќе пред споменикот на Рацин во центарот на градот.
Централниот настан се одржа на платото пред Спомен костурницата од НОВ каде почива и Рацин, со што свечено беа отворени 53-тите „Рацинови средби“ 2016. На свеченста беше изведен перформансот „Тука сум“ по што ќе беа врачени и нововостановените награди од минатата година: наградата „Антологија на болката“ на Даница Ивановска Лепојевиќ и наградата „Напиши љубов во 140 карактери“ на Горан Лазевски.