ВЕЛЕШКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ” И „РАЈКО ЖИНЗИФОВ” ВО ЛИСТАТА НА ТРИТЕ НАЈБЕЗБЕДНИ И НАЈЧИСТИ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА

Изборот на најбезбедно и најчисто училиште го изврши стручна комисија, формирана од Министерството за образование и наука, врз основа на пристигнати апликации и увид во самите училишта. 
За најбезбедни и најчисти основни училишта избрани се: ООУ „Тошо Велков Пепето“ – Кавадарци - прво место; ООУ „Васил Главинов“ – Велес - второ место и ООУ„Рајко Жинзифов“ - Велес (с.Долно Оризари) - трето место.

По тој повод градоначалникот Славчо Чадиев денес оствари средба со менаџерските тимови на двете училишта при што им изрази признание за добеината награда. Тој истовремено изрази надеж дека училиштата заедно со нивните вработени и ученици ќе продолжат да работата во овој правец, правејќи ги овие институции едни од најреномираните.
Наградените училишта ќе добијат соодветни награди кои се обезбедени од страна на Министерството за образование и наука и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.