ГРК „Борец” засилен со нови и докажани ракометари

Велешаните Ивица Илиев и Миле Ордев се ракометарите кои од идната натпреварувачка сезона ќе бидат дел од Градскиот ракометен клуб „Борец”, кој според последниот бараж натпревар останува во Супер лигата. Целта е остварена, ракометниот клуб е се постабилен, истовремено зајакнувајќи се со нови и квалитетни имиња. Денес, играчите и управата остварија средба со градоначалникот Чадиев при што беа сумирани впечатоците од сеозната која измина, а беа направени и планови и анализи за во иднина.

Според градоначалникот засилувањето на „Борец” нема да застане, туку со несмален интензитет ќе продолжи, овозможувајќи му место погоре во ракометната табела. Инаку, двајцата нови играчи, Илиев (централен бег) и Ордев (лев бег), се докажани ракометари. Се очекува со нив надворешната линија на Борец да биде многу посилна.