„БАСКЕРФЕСТ" - Караванот кој шири насмевки вечерва беше во Велес

Познатиот уличен фестивал продолжува и утре (сабота) во Младинскиот парк со почеток од 19.00 часот.

Ова е фестивал со уникатен концепт и нова, поинаква понуда. Баскер ја пречекува публиката со улични артисти и музика во живо, со низа различни понуди за незаборавна забава: претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности - вистински сплет на културни, забавни и уметнички содржини!