Етно-работилници за изучување на тајните на старите занаети

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, денес ги посети куќите на уметноста каде започнаа годинашните Етно-работилници во кои се учат неколку стари и традицонални занаети. Новина од оваа година е што ќе се изучува и копаничарството. Оваа работилница заедно со работилниците за изучување на грнчарскиот столарскиот, ткајачкиот занает и занаетот за изработка на накит ќе бидат застапени при реализацијата на проектот. Вредните раце на велешките ученици, поделени во повеќе групи ќе ги запознаваат тајните на овие занаети во куќата на Рацин, Главинов, Касапови и Џинот.

При посетата градоначалникот истака дека најбитно од се е што овие наши заеднички заложби ја постигнаа поставената цел - да се развие љубовта кон етно-наследството кај најмладите, кај учениците и да не се дозволи вештините за изработка на етно предмети да исчезнат заедно со генерациите родени во минатиот век. Сите занаети опфатени со проектот во минатото биле основа за егзистенција на семествата –грнчарстовото, столарството, копаничарството, ткаењето и изработката на накит за куќата, за домаќинствата и личен накит за деца и возрасни. Инаку овој проект седма година по ред го реализира ГО „Разбој“, а е дел од Програмата за култура на Општина Велес за 2016 година. Инструктори на работилниците се занаетчии, мајстори на овие стари занаети, а целта на проектот е да се пренесат овие занаети на изумирање на младите со талент и желба за ракотворење.
Проектот трае седум дена, а учесниците ќе добијат дипломи за учество