Одбојкарскиот клуб „Борец” станува бренд на Велес

Заложбите на Локалната самоуправа за инвестирање во спортот се потврдуваат на дело.
Покрај создавањето на Градски ракометен клуб, се офорува и одбојкарски клуб кој ќе го претставува Велес на сите натпреварувања.
По тој повод денес во Општина Велес се оствари средба помеѓу градоначалникот Славчо Чадиев и претставници стручниот персонал на клубот. Од страна на градоначалникот Чадиев беше напоменато дека целта е прво да се застане на здрави нозе, а потоа клубот да ги досигне и освои повисоките места од табелата.

Раководните кадри од клубот се задоволни од оваа одлука. Според тренерот Петре Жабев и директорот на клубот Валентин Миланов, екипата се очекува да биде спој на младост и искуство со неколкумина повратници во матичниот клуб.