Учениците од „Коле Неделковски” на пракса во „БРАКO”
Велешката компанија „БРАКО” ова лето ќе оствари соработка со ССОУ „Коле Неделковски” од Велес. Проектот за практична настава предвидува триесет ученици да посетуваат пракса во компанијата, а најдобрите од нив да бидат вработени.
Договорот за соработка го потпишаa проф. д-р Кочо Анѓушев, Претседател на Бордот на директори на БРАКО Велес и Боро Ристовски, директорот на ССОУ Коле Неделковски – Велес. На настанот присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев, кој изрази задоволство од реализацијата на овој проект.
Воедно се планира компанија да инвестира 4 милиони евра во нова хала и опрема, најсовремени CNC компјутерски водени машини, за чии оператори ќе бидат обучени нововработените од оваа програма.