Се осветлува клучката кај Башино село
Овие денови на клучката кај Башино село се вршат интезивни активности за нејзино осветлување, со што значително ќе се подобри безбедноста на сообраќајот на оваа крстосница која е еден од главните влезови во градот. Реализацијата на проектот е во надлежност на ЈП за државни патишта како дел од напорите за осветлување на клучките на државните патишта во Република Македонија, а со цел да се подигне нивото на услуги на корисниците на патиштата.
Претхно беше извршено целосно осветлување на автопатскиот тунел пред оваа клучка. Осветлувањето беше направено со лед светилки со што значително се зголеми прегледноста на возачите а со тоа и безбедноста во сообраќајот.