Гемијата и учесниците на Вардарската регата стигнаа во Гевгелија

Поминувајќи над сто километри на гемија и чамци, учесниците на Вардарската регата „Гемиџии“ 2016, предводени од градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев на 3-ти јули годинава пристигнаа во Гевгелија. На крајната дестинација гемиџиите на новото време ги дочекаа градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов.

Учесниците во регатата кои истовремено пристигнаа на целта изразија задоволство од можноста на овој начин да ја продолжат традицијата на Гемиџиите а истовремено и да уживаат во пловењето по Вардар. Годинешната Вардарска регата се одржува по 18-ти пат од кога е започната во 1984 година. Истата е во чест на 113 години од делото на Гемиџиите.