Заврши поставување на урбана опрема на Eзерото „Младост”

Во околината на Eзерото „Младост” на изградените пешачки патеки заврши поставувањето на урбана опрема. Активностите беа дел од проектот финансиран преку Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој.
Денес во посета на оваа локација беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој изрази задоволство од она како изгледа сработеното. Во рамките на проектот предвидено беа комплетно уредени 11 локации со летниковци, клупи, маси и друга урбана опрема. Реализацијата на проектот ќе придонесе во заложбите за развој на транзитниот туризам на Eзерото „Младост”, како атрактивна дестинација за туристите и посетителите од земјава и странство.

Фактот што по автопатот Е-75 (Коридор 10) годишно минуваат околу 4 милиони туристи налага активности кои ќе придонесат за одржливиот развој и развојот на туризмот во непосредба близина на автопатот. Езерото „Младост” со својата атрактивна локација секоја година привлекува се поголем број туристи и посетители.