Преставници на исламска вероисповед на прием кај градоначалникот
Денес градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев организираше прием за претставниците од исламската вероисповед. Покрај членовите на Советот на Општина Велес Бесим Ахмедов, на приемот присуствуваше и муфтијата Адем Чоревски, како и членовите на Џамискиот одбор од Велес, претставници на граѓански организации, месни заедници и спортисти.„Рамазан Бајрам е најголемиот и најзначајниот празник во исламската вера, празник на мирот и меѓусебното разбирање, празник на кој луѓето се свртуваат едни кон други за да си подадат рака и да си помогнат.
Јас лично многу се радувам и почестен сум секогаш кога се наоѓам на обележување на некој културен настан или празник што е организиран од граѓаните од исламска вероисповед затоа што имам можност да ги запознаам одблизу обичаите, традицијата, културата на живеење кои во суштина и не се разликуваат многу од христијанските.“ – рече градоначалникот Чадиев.Честитајќи им го празникот тој истакна дека е почестен што има можност и понатаму да соработува со сите за заеднички да ги решаваат проблеми со кои се среќаваат граѓаните.Муфтијата Адем Чоревски се заблагодари за вниманието на градоначалникот и Советот на Општина Велес. Истакнувајќи го значењето на овој свет ден посака и понатаму во Општина Велес да има пријател за идни заеднички делувања во сите сфери на животот на граѓаните од исламската вероисповед.Инаку за време на Рамазанските пости, градоначалникот организираше Ифтарска вечера за повеќе од стотина верници од исламската вероисповед, оние кои се придржуваат на принципите на рамазанскиот пост од горе споменатите организации.