Свечено отворен 13-тиот ИФФ ,,Велес" 2016

Вечерва на амфитеатарот во Младинскиот парк започна 13-тиот Интернационален фоклорен фестивал „Велес” 2016. Традиционално, на свеченото отворање му претходеше дефиле на учесниците низ улиците на Велес преплетувајќи ги боите на Македонија, Мексико, Србија, Турција, Романија, Бугарија, Полска, Црна Гора, Грција. 13-тото издание на Интернационалниот фолклорен фестивал го отвори градоначалникот Славчо Чадиев. Присутните во амфитеатарот во Младинскиот парк ги поздрави и Томе Јаневски, претседател на Организациониот одбор на фестивалот.

На првата фестивалска вечер покрај домаќините од Македонија, настапија и гостите од Мексико, Србија, Турција, Романија и домаќините од Македонија. Следните 4 дена Велес ќе продолжи да жиеве во ритамот на фестивалот.