Градежните работи продолжуваат со несмален интезитет

Во текот на денешниот ден започна уредувањето на крак од улицата „Невена Горгиева Дуња”, која се наоѓа во Населба „Тунел”. Должината на улицата изнесува 150 метри, а дополнително на овој потег ќе се направи и паркинг простор со површина од 350 м2.
Станува збор за улица која е многу важна за жителите од овој дел на градот, а која досега беше во лоша состојба.

Увид на градежните работи денес направи и градоначалникот Славчо Чадиев кој изрази задоволство од текот на активностите и начинот на кој се излегува во пресрет на потребите на граѓаните.
Средства за реализирање на овој проект се предвидени во Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2016 година.