Доделени две електромоторни инвалидски колички

Согласно Програмата за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита и активностите по ЛАПЛИ (Локален акциски план на лица со инвалидност), а со цел подобрување на квалитетот на живот на лицата со инвалидност, Општина Велес има предвидено финансиски средства за обезбедување на електромоторни инвалидски колички.
Денес од страна на градоначалнико Славчо Чадиев беа доделени финансиски средства во висина од 250.000,00 денари на Здружение на лица со церебрална парализа и Здружение МОБИЛНОСТ кои ќе овозможат да се подобри квалитетот на живот на двајца нивни членови.

Обезбедување на социјална заштита на лицата со инвалидност, подигање на социјалната сигурност и намалување на социјалната исклученост, се приоритет на Општина Велес, затоа како следна активност е предвидено обезбедување на едно возило за лица со инвалидност, кое ќе биди сопственост на Општина Велес, а ќе може да го користат сите здруженија во општината.
Бидејќи социјалното вклучување на инвалидните лица најдобро се остварува преку обезбедување на достапност на социјалните услуги во заедницата, Општина Велес ќе направи напори ова возило во 2017 година да им биде достапно на здруженијата во општината.