Оштетена е урбаната опрема на Езерото „Младост”

И покрај напорите на Општина Велес да ја разубави околината на Езерото „Младост” со поставување на урбана опрема, за жал, несовесни граѓани неодамна уништиле дел од поставените клупи и летниковциОва е појава со која се соочуваме со години наназад. Вандализмот несакано стана пракса која наместо да биде минато, се почесто ја гледаме на уредените локации.

Апелираме до граѓаните во иднина да покажат повеќе свест и грижа за урбаната опрема и зеленилото, со што ќе придонесат градот во кој сите живееме да биде поубав.