ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС
Со цел да се даде помош во справување со последиците од невремето кое ја зафати Општина Гази Баба денес, Советот на Општина Велес одржа вонредна седница со една точка на дневен ред - одобрување на средства од Буџетот на Општина Велес за помош на Општина Гази Баба.
Советот на Општина Велес определи средства во висина од 1.000.000 денари од Буџетот на Општина Велес за помош на настраданите граѓани во елементарната непогода што ја зафати Општина Гази Баба.
Итната седница беше свикана за помош на настраданите кои на 06.08.2016 година на подрачјето на Град Скопје беа зафатени од пороен дожд со размери на елементарна непогода од која се направени огромни штети на материјални добра, личен имот и што е најтрагично човечки жртви.
Дополнително а на располагање e цела механизација што ја поседува Општина Велес, вклучувајќи и механизација и логистика која ја поседуваат јавните претпријатија. Веќе два дена организирана е и хуманитарна акција која трае во периодот од 09:00 до 21:00 часот.
Најпотребно во овој период се:
1. Флаширана вода за пиење
2. Затворена спакувана храна која не се расипува
3. Пелени за бебиња
4. Средства за хигиена
Во меѓувреме за сите оние кои не се во можност да донираат лично, истото можат да го сторат и преку телефон со повикување на бројот 143-400 од сите мрежи во земјата.