Велес го слави делото на заштитникот Св. Вмч. Пантелејмон
Со Празнична вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г-дин Агатангел во сослужение со свештениците од Епархијата, а во очи на големиот ден, започна чествувањето на празникот на Велес.
Откако се изврши поклон пред иконата на светителот, празнувањето продолжи со поздравно обраќање на Градоначалникот Славчо Чадиев.
Од негова страна на присутните граѓани им беа упатени честитки за претстојниот празник посветен на Светиот Великомаченик Пантелејмон, чувар на здравјето и спокојот на велешани.
Во уметничкиот дел на програмата на присутните граѓани имаа можност да уживаат во настапот на камерниот црковен хор „Св. Великомаченик Пантелејмон“ и драмската игра„Ѕвездено молитвеење на Св. Пантелејмон Целебник“ Весна Димитрова Бобевски, актер.
Одбележувањето ќе заврши утре со Света божествена литургија.
Инаку за велешани овој храм има посебно значење, според пишаните документи во минатото кога во Велес царувала чумата и други болести неговите жители подигнувајќи му го храмот побарале од светецот Пантелејмон да ги заштити од сите зла. Тој тоа и го сторил а велешани во знак на благодарност светецот Пантелејмон го слават сите овие години но оставаат и аманет на помладите да ја почитуваат и продолжат традицијата на чествување.