Во завршна фаза е изградбата на фитнес зоната во Градскиот парк
Изградбата на новата фитнес-зона која се наоѓа во Градскиот парк е во завршна фаза. Наскоро се очекува таа целосно да биде завршена, по што истата ќе биде пуштена во употреба.
Во увид на градежните работи денес беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој изрази задоволство од она што е направено досега и како тоа изгледа.
Инаку отворениот фитнес центар претсавува еден вид теретана на отворено и место каде што ќе може многу млади, но и повозрасни да рекреираат на најсовремена фитнес опрема.
Зоната за рекреирање се простира на површина од 180 квадратни метри, на гумирана подлога, а од неодамна се поставени клупи и корпи за отпадоци, како и информативна табла за користење на опремата.