Велес го празнува Св. Пантелејмон - заштитник на градот
Годинава по седми пат Општината и Повардарската епархија заеднички се поклонуваат пред патронот на градот целебникот св. Пантелејмон.
Пантелејмон заштитникот, целебникот што цели 19 века бдее над овој град ќе остане најцврстата нишка што ќе ги врзува годините, вековите, историјата на Велес со велешани кои од секогаш се поклонувале пред својот заштитник и не случајно токму еден од најубавите храмови изградени во Македонија му го посветиле нему.
Св.великомаченик Пантелејмон за заштитник на Велес е прогласен на 15 септември 2009 година со Одлука на Советот на Општина Велес.