ГОК „БОРЕЦ” ЗАПОЧНУВА СО ТРЕНИНЗИ

Заложбите на Локалната самоуправа за инвестирање во спортот се потврдуваат на дело. Покрај создавањето на Градски ракометен клуб, се оформи и одбојкарски клуб кој ќе го претставува Велес на сите натпреварувања. ГОК „Борец” од вчера започна со тренинзи. Со засилени активности во тренизните и натпреварувањата велешките одбојкари ќе продолжат во претстојната сезона. Целта е прво да се застане на здрави нозе, а потоа клубот да ги достигне и освои повисоките места од табелата.