Aсфалтирање на улицата „Невена Георгиева - Дуња”

Градежните работи во Велес продолжуваат со несмален интензитет. Во текот на денешниот ден се врши асфалтирање на улицата „Невена Георгиева - Дуња” , која се наоѓа населбата „Тунел”.
Станува збор за улица во должина од 180 метри која е многу важна за жителите од овој дел на градот, а која досега беше во лоша состојба. Исто така на оваа локација е уреден и паркинг простор за околу 30 возила.

Во увид на градежните работи денес беше и градоначалникот Славчо Чадиев кој изрази задоволство од текот на активностите и начинот на кој се излегува во пресрет на потребите на граѓаните.