Уредување на улиците предвидени со проектот „Декада на Ромите“

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев денес имаше средба со министерот без ресор во Владата на Републука Македонија, Неждет Мустафа.
По разговорот во општината беше извршиен увид на улиците кои за прв пат се уредуваат, а се дел од проектот „Декада на Ромите”. Проектот опфаќа повеќе улици во кои претежно живее население од ромска заедница, како што се „Јордан Џурнов” и „Јовче Тикваров”.

Должината на градежните зафати е во вкупна должина околу 600 метри. Со ова значително се подобрува пристапноста на улиците како и условите за живот на населението од овој дел на градот.