ДОДЕЛЕН ЧЕКОТ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛСKА ГРИЖА

Општина Велес, согласно Програмата за социјална заштита и ова година обезбеди помош за деца без родителска грижа во општината.
„На почетокот на учебната година ја продолжуваме добрата практика да обезбедиме помош и да пружиме радост на децата без родители и родителска грижа“ изјави градоначалникот Чадиев.
Според евиденцијата на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа 25 деца од Велес се со статус на деца без родителска грижа, под старателство или растат во згрижувачки семејства. Поделени во три возрасни групи.

Општина Велес – Општина по мерка на детето се труди да ги опфати сите ранливи групи, и да создава услови за среќно и безгрижно детство на најмладите во локалната заедница.
Заради потполна дискреција на корисниците, од јавност предвидените средства денес беа предадени на Центарот за социјална работа.